Магомедов освои бронзен медал за Македонија на Европско во борење во Загреб

Ахмад Магомедов, освои бронзен медал на Европското првенство во борење кое се одржува во Загреб. Во борбата за третото место Магомедов го совлада Арман Авагјан од Ерменија со 7-4.

Претходно беше подобар од шпанецот Габриел Иглезиас Рамос победувајќи го со 10:0. За потсетување, Магомедов се бореше во категоријата до 79 килограми.

Scroll to Top