Пејачката Калиопи сними дует со српскиот пејач Жељко Самарџиќ. Песната „Знам“ е комплетно авторско дело текст, аранжман и продукција на нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил.
Соработката со Ромео, Калиопи ја најави минатиот месец кога таа објави видео заедно со него од аеродромот во Скопје. Ова беше средба помеѓу Ромео и Калиопи после три години.
„По три години повторно обединување! Добредојде Ромео. Повторно донесе две скапоцени песни. Ајде да работиме“, рече тогаш Калиопи.
Со ова таа најави дека наскоро на публиката ќе и претстави со две нови песни зад кој стои Ромео. Една од нив е токму оваа „Знам“ дуетот со Жељко Самарџиќ.
Не е тајна дека таа и Ромео, со години музички соработуваат. Се шпекулираше и дека едно време беа повторно во љубов, но двојката никогаш не ја потврди веста. Таа и Ромео, заедно од 80-тите, беа во брак, па разделија. Ромео отиде во Швајцарија заедно со нивниот син Пако, тема за која пејачката речиси никогаш не сака да зборува. Калиопи беше во брак и со актерот Васил Зафирчев, за кого по разводот кажа дека во одлични односи.