Рецепт за баклава со ф’стаци

Состојки:
400 гр готови кори за баклава, најмалку 200 гр исчистени ф`стаци, 200 гр маргарин, 100 гр кисела вода, малку масло за попрскување одозгора (некои 50 мл).

Шербет: 550 гр шеќер, 700 гр вода, 3 лажици мед, 1 лажичка цимет.

Подготовка: Ф`стаците изблендирајте ги, така што ќе оставите и крупно сомелени парчиња или ситно исецкајте ги. Маргаринот растопете го.
За оваа баклава се користат многу танки кори и поради тоа се редат по 4 за секоја ролна. Доколку користите поцврсти/подебели, ставете 2. Помеѓу секоја кора попрскајте малку маргарин вклучувајќи ја и најгорната кора врз која се поставува филот.

Филот, односно мелените ф`стаци, се ставаат на почетокот на кората во еден ред и потоа корите се виткаат во ролна. Додека виткате, краевите малку свиткајте ги на внатре за филот да не истекува. Виткајте без многу стегање, малку лабаво.

Наредените кори одозгора попрскајте ги со маслото и киселата вода и доколку ви останал и стопениот маргарин, потоа исечете ги на парчиња со големина која вам ви одговара. Печете на 190 степени додека одозгора не фати убава жолта кора.

Во меѓувреме сварете го шербетот. Водата и шеќерот нека вријат 10 мин, па додадете го медот и на крај циметот. Варете уште некои 5 мин, во зависност колку густ сакате да биди. Се потура ладен или млак шербет врз ладна баклава, или топол (никако жежок) шербет врз топла баклава. Оставете неколку саати да се впие шербетот и пробајте.

Scroll to Top