(Видео) Викторија Бекам направи операција на лицето, а докторот и рече дека повеќе нема да се познава дека старее

Популарната модна дизајнерка и сопруга на фудбалерот Дејвид Бекам, Викторија, направи операција на лицето по кое рече дека повеќе нема да се познава дека старее.

Таа ја посети ординацијата на доктор Ашкан Гавами каде доаѓаат и голем број познати ѕвезди меѓу кои Ким Кардашијан, Амбер Роуз, Тори Спелинг и многу други.

„Нашата кожа е нашиот најголем орган и затоа е важно да се грижиме за неа колку е можно повеќе. Претходно неделава имав неверојатен ласерски третман“, рече Викторија.

Станува збор за напреден третман на ласерско обновување на кожата, а модната дизајернка го направи истиот третман веќе двапати. Зафатот чини околу 2500 долари. Со него се отстранува тенката мрежа на брчките на лицето и помага да се измазнат оние поизразените и да се затегне кожата

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Scroll to Top