Ексминистерот Дамјан Манчевски трча на Белградски маратон, откако се откажа од политиката

Ексминистерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски, изминатиот викенд беше дел од Белградскиот маратон. Тој заедно со тимот од Македонија трчаше на 10 километри на маратонот во Белград кој традиционално се одржува.

Дисциплините во кои можеа да се натпреваруваат учесниците беа 42.2 киломтери, 10 и 2.3 километри.

„Македонскиот тим подготвен за Белградскиот маратон“, напиша ексминистерот на првата фотографија, а потоа по завршената трка напиша дека „Македонскиот тим секогаш го прави тоа. Спасете живот, донирајте крв“.

Манчевски во 2020 година си поднесе оставка како министер и преку социјалната мрежа Фејсбук информираше дека се повлекува од политиката, бидејќи прифатил ангажман во приватниот сектор.

 

Scroll to Top