Ксенија Николова во Белград ќе го промовира романот „Незадоволна“: кога ја отворив првата страница, ја скинав ете тоа било за среќа

Писателката Ксенија Николова ја најави промоцијата на нејзиниот роман „Незадоволна“ која излезе на српски јазик за в четврток во Белград. Романот е издаден на македонски, англиски, руски и српски.

Во Македонија романот беше промовиран во 2020 година, за време на короната.

„Јас некако одвнатре можеби и потајно се надевав дека после овој роман ништо нема да биде исто. И не е, навистина не е. Како автор, се соочував и сѐ уште се соочувам со околности кои навистина ретко кога се наклонети кон автори кои доаѓаат од помали земји, а размислуваат интернационално и својата кариера ја дишат и живеат, зашто таа им е живот, а не работа. Едно е сигурно, научив многу нешта и сето тоа најмногу поради тоа што останав многу самокритична и отворена за напредок. Но сепак, повеќе не ми е целта само да издадам нова книга и да ви ја доближам, туку сакам целиот тој процес да биде вистински од самиот почеток, како што е впрочем и процесот на моето создавање на едно дело“, вели Николова.

 

Таа сподели дека доживува ренесанса на професионално поле, што смета дека тоа е за доброто на сите.

„Новата книга ќе излезе тогаш кога ќе се поклопат коцките, а верувам дека тоа ќе биде наскоро. На крајот на денот, кога ме тапкаат по рамо од самиот почеток, знам дека понатаму низ процесот нема да биде баш така, а кога еден проект, уште од старт, самиот од себе ќе донесе премрежие, знам дека тоа е знак дека доживувам скалило погоре. Јас и вие ќе се дружиме уште долго“, вели писателката.

Таа објаснува дека на последната фотографија која ја објави на Фејсбук е првиот примерок од романот, веднаш откако излегол од печат.

„Го земав во рацете кои толку ми трепереа, што ја скинав првата страница откако го отворив. Ете, тоа било за среќа, а оттогаш, поинаку гледам на пречките во животот“, вели писателката Ксенија Николова.

Scroll to Top