Вилијам и Кејт Мидлтон објавија нови фотографии на „Инстаграм“ од најмладиот син Луис за неговиот роденден. Младиот принц го прослави петтиот роденден во неделата, а фотографиите ги направи Мили Пилкингтон, уште претходно месецов во замокот Виндѕор.
На една од фотографиите Луис седи во количка која ја турка Кејт, а на другиот е насмеан и во крупен кадар гледа на страна. Фотографиите за брзо собраа повеќе од 800.000 лајкови, а Луис доби голем број честитки од фановите.
„Убав на мајка му. Нека му е среќен роденденот. Најдрагиот член во кралското семејство. Како само годините така брзо поминуваат“, му напишаа тие.
За потсетување, Луис е најмладото дете во кралското семејство. Тој ги има брат му принцот Џорџ (9) и помладата сестра Шарлот (7). Тој е четвртиот во редот за престолот, зад татко му брат му и сестра му.
View this post on Instagram