Македонскиот Олимписки комитет го суспендираше Борко Ристовски и му е изрече забрана за вршење на работа во олимпискиот спорт во период од четири години.
Дисциплинската комисија при Олимпискиот комитет на Македонија поведе постапка против голманот на Вардар по поднесена пријава за прекршување на член 17 од Дисциплинскиот правилник.
Ристовски е казнет затоа што како претставник на политичка партија во телевизиска емисија изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски.
Пријавата е поднесена од Димевски, а одлуката е доставена до Ракометната федерација на Македонија и ракометниот клуб Вардар 1961. Борко Ристовски има рок за жалба на одлуката на Македонскиот олимписки комитет во следните осум дена.