Допрва ќе плачете криминалци, се закани Борко откако го откачија од МОК

По објавата дека Македонскиот Олимписки Комитет го суспендираше Борко Ристевски и му изрече забрана од четири години вршење на работа во олимпискиот спорт, со реакција излезе и македонскиот голман. Најави прес конференција на која ќе се дообјаснува со претседателот на МОК Даниел Димевски.

„Во „северна вукојeбина сè е можно, ама не со мене. Допрва ќе плачете криминалци“, објави Борко на „Инстаграм“.

За потсетување, Ристовски  е казнет затоа што како претставник на политичка партија во телевизиска емисија изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски.

Пријавата е поднесена од Димевски, а одлуката е доставена до Ракометната федерација на Македонија и ракометниот клуб Вардар 1961. Борко Ристовски има рок за жалба на одлуката на Македонскиот олимписки комитет во следните осум дена.

 

Scroll to Top