Роналдо и Георгина не се поднесуваат веќе па почнале и на јавно место да си викаат еден на друг

Светскиот фудбалер и Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез ги потврдија гласините дека не се во најдобри односи, откако двајцата биле видени како си викаат еден на дру додека се качувале во авион.

Сведок кој го видел инцидентот му раскажал детали од кавгата на новинарот Абел Планелес, од шпанскиот весник „Марка“. Објаснил дека фудбалерот и манекенката си викале еден на друг пред да влезат во авионот. Наводно Роналдо бил изнервиран од нејзиното однесување и трошењето пари.

Проблемите почнаа уште кога Роналдо се пресели во неговиот нов клуб во Саудиска Арабија, Ал Наср и му пречело тоа што Георина повеќе не му посветува внимание на семејството како порано, туку само гледа за себе. Откако ги нарушила односите и со неговата мајка, Роналдо почнал да ги губи нервите и на теренот.

Се појавија и информации дека фудбалерот во случај на разделба, ќе мора да ѝ исплати на Георгина 350 милиони евра. Така се обврзал уште пред да почнат да живеат заедно и имаат деца.

„Роналдо го боли глава од сумата што треба да ѝ ја плати на Георгина доколку раскинат. Тогаш би останала без привилегии, како приватен авион, скап возен парк, месечен додаток, но сигурно нема да има финансиски проблеми. Парите се најголемата причина за проблемите и расправиите во нивната врска. Роналдо не може да поднесе дека доброволно троши пари на глупости“, рече друг извор.

Георгина секој месец добива и одреден процент од платата на Кристијано.

 

Scroll to Top