Голем број од светските ѕвезди не сакаат да имаат деца. Некои од нив велат дека едноставно не се за таа работа, додека други велат дека светот е премногу сурово место за да им го остават.
Глумицата Пријанка Чопра и американскиот музичар Ник Џонас минатата година трпеа бројни навреди и критики на сметка на сурогат мајчиството, затоа што во јавноста се јавија приказни дека не сакала да раѓа за да не си ја уништи кариерата во Холивуд. Тоа официјално таа никогаш не го потврди.
View this post on Instagram
Има уште некои од славните личности кои се одлучиле дека не сакаат да станат родители.
Пејачката Мајли Сајрус во 2019 година, рече дека премногу земаме од Земјата и дека светот стана премногу лошо место за живеење, па таа одбива да им го предаде на своите деца.
„Не ми се допаѓа тој притисок кој луѓето ми го прават на мене, на жените. Дека сум се изневерила себе си како жена, затоа што не сум родила. Мислам дека тоа не е чесно. Мене тоа постојано ми го зборуваат дека сум била толку фокусирана на кариерата и на себе си, што не сум сакала да станам мајка. Тоа е толку себично“, рече Џенифер Анистон.
„Мислите дека сакам да донесам деца во ваков свет во кој живееме? Ако тоа се случи, ќе се случи“, рече Леонардо ди Каприо.
Пејачката Доли Партон во една прилика рече дека пораснала во големо семејство и дека сака деца, но едноставно не и било судено.
„Често помислувам дека едноставно не е судено да имам деца, така што сечии деца можат да бидат мои. Децата на моите браќа и сестри живееа со мене, така што се чувствувам како баба на нивните деца“, рече Доли.
„Да имам деца, би ме мразеле. Нешто во мојот живот треба да пати, а тоа веројатно би биле тие“, рече Опра.
„Тоа е тешка работа, тешко е да се најде потребното време за себе и мојата жена. Тешко е да се одржува врска со оние во мојот живот кои ги сакам, но тоа е само мојата перспектива. Мислам дека само затоа што можеби сте добри во нешто за мене не е доволна силна причина тоа да го направите, за тоа морате да имате страст“, рече Џон Сена, откако фановите му порачаа дека би бил одличен татко.