Лепа Брена и Сенидах паднаа пред камерите додека се снимаа за промоцијата на концертот во Белград

Пејачките Лепа Брена и Сенидах Хајдарпашиќ паднаа додека се снимаа за промоцијата на нивниот настап кој ќе се одржи во Белград на 2 јуни. Двете пејачки за момент изгубиле рамнотежа поради чевлите со високи потпетици, а видеото го сподели словенечката пејачка на „Инстаграм“.

Додека позираа Сенида ја држеше ногата на Брена, па откако паднаа двете почнаа да се смеет. За среќа не дојде до потешки повреди, а незгодата ја сними еден од луѓето со кои пејачките соработуваа на мобилниот на Сенида. И двете продолжија со снимањето и направија неколку најави и промотивни фотографии.

Сенидах не криеше дека е возбудена што соработува со Брена.

„Па дали е ова реално. Порано си играв со нејзината играчка, а сега сум очи во очи со неа. Животот навистина зане да биде убав“, рече Сенидах.

За потсетување, Брена и Сенидах ќе настапат на настанот Red Bull SoundClash во Белград, во кој ќе ги изведат некои од нивните најголеми музички хитови.

Настанот е најавен како музички спектакл на годината. Публиката ќе може да ја слушне Брена како ги пее хитовите на Сенидаха „Бехута“ и „Мишиќе“, а словенечката пејачка ќе пее песни како „Чик погоди“ или „Робиња“.

 

Scroll to Top