„Во Лацио го играв најдобриот фудбал, најдобрите натпревари во кариерата ми беа за ‘бјанкочелестите’. Во тие пет ипол години колку што бев во Лацио секогаш давав сѐ од себе за тимот на секој натпревар. Најмногу благодарение на Делио Роси, кој ме направи важен играч. Ми даде шанса да играм во континуитет, беше клучен за да израснам. Во тие години сѐ уште бев млад кој играше за важен клуб, се чувствував прекрасно благодарение на него“, рече Пандев.
„Потоа сите се прашува зашто си заминав? Жал ми е што навивачите не ја знаат целата вистина. Секогаш кога доаѓав на ‘Олимпико’ да играм, навивачите ме свиркаа и многу лошо се чувствував, зашто знам колку многу давав за тој дрес. Јас сакав да останам во Лацио, но поради интереси на друѓи луѓе тоа не беше возможно. Навивачите не знаат што се случи. И жал ми е што од Лацио така си заминав, зашто секогаш давав сѐ за тој клуб и тешко ми е што се разделив на тој начин. Но, причината беше со мојот договор и фактот дека не можевме да најдеме заеднички јазик за продолжување на соработката. Лотито реши да ме избрише од тимот. Балардини само што дојде, а јас не бев повикан за мечот во Суперкупот на Италија. Тоа ме разочара. Го освоивме Купот, а јас бев најдобар стрелец и ми беше жал што не играв. Сѐ беше интерес на менаџерите и раководството, а јас како млад фудбалер сакав само да напредувам“, рече Пандев.
За потсетување, тимот на Лацио викендов ќе игра со Интер кој брка место за настап во Лига шампиони. Ова коло може да ја официјализира и титулата на Наполи, клуб каде што исто така играше Пандев.
Тој не крие дека посакува Лацио повторно да биде дел од Лигата на шампионите, а Интер кој го бодреше неодамна во ЛШ, дојде до полуфинале во ЛШ и има шанса по 2010 година повторно да се бори за пехарот, За потсетување, Интер со Пандев во 2010 година стана европски шампион.