Смачено ми е од тапкање по рамо и чекање да не вработат, актерката Ивана Павловиќ и 150 колеги се оставени на улица

Актерката Ивана Павлаковиќ со повеќе од 150 нејзини колеги од театрите низ Македонија, сè уште се како вели, оставени на улица како невработени актери во театрите низ Македонија. Иако зад себе има одиграно многу театарски претстави, улоги во филм, серија, сè уште чека вработување.

За проблемите во културата, Павловиќ зборуваше во Репортер ѝ рече дека се чувствува како државата ја оставила на улица.

„Ние сме приближно 150 луѓе коишто сме на улица, бидејќи немаме своја матична куќа“, вели актерката за Репортер.мк ѝ додаде дека бројката на невработени театарџии е проблем кој тлее низ годините наназад.

„Еве сè уште јавно им го поставувам прашањето на луѓето во Министерството за култура бидејќи сметам дека мојата генерација се најде во вртлок од кој нема излегување надвор. Се надевам дека луѓето во Министерството и директорите на театрите малку порационално ќе ги гледаат работите и ќе се потрудат да направат нешто во врска со тоа. Ќе полнам 32 години, а активно работам уште од детските денови. Освен во периодот на ковидот, работам непрекинато. Ковидот не спречи да си ја работиме својата професија која многу ја сакаме. И сè уште се прашувам кога ќе се отворат нови работни места, кога ќе има нови конкурси во театрите во кои сум играла и во Драмскиот и во Македонскиот Народен театар. Сè е некако оставено на чекање и тапкање по рамо, од коешто мене ми е навистина смачено. А, од друга страна ме држи инаетот и љубовта кон она што го работам и не се откажувам“, рече Павлаковиќ.

„Како и секој човек сум имала периоди кога сум била во блага депресија. Факт е дека сум имала такви падови, но за среќа ми поминаа и некако после тие ситуации сум станала посилна“, рече Ивана.

Нејзината колешка, пријателка, а денес и бизнис партнерка, Сања Арсовска во времето кога беше претседател на синдикалната организацијата на Драмски театар исто така се бореше и залагаше за работничките права на глумците во театрите.

Уште тогаш рече дека: „приоритетите на Министерството за култура биле партијата и популизмот, пластичните чудовишни згради, лошата распределба на средства, фрлање пари за уметници кои својата неспособност ја спакувале во партиска послушност зашто само така имале шанса да сработат нешто“.

За потсетување, лани околу 100 дипломци беа дел од иницијативата на невработени театарџии во Македонија и бараа соодветен третман во државата преку акцијата наречена „Аудиција сега“.

Тие им се обратија на надлежните во името на над 160 дипломирани театарски работници, од кои еден дел се на професионално доусовршување во странство.

Дел се имаат откажано од театарот, а дел над 60 театарџии се невработени или вработени, но не во својата струка: актери, режисери, продуценти и драматурзи/драмски автори.

Љ. Владимиров

Scroll to Top