Заедно на работа, заедно во кревет, нема поубаво: Тања и Новица слават 20 години брак

Фолк пејачката Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица, прославија 20 години брак. Со вечера и цвеќе и нивните синови Стефан и Петар, двојката ја прослави годишнината во Мелбурн, Австралија, каде веќе подолго време живеат.

Ја прашавме Тања како прославиле 20 години брак и како да се биде 20 години заедно и на работа и во креветот?

„Како е заедно на работа и во кревет? Па има ли нешто поубаво од тоа, тој што го сакаш и те сака да сте цело време во близина. И еве тоа трае и трае, веќе 20 години“, ни открива Татјана во разговор за „Репортер“.

Двојката заедно прославија во ресторан со заедничка вечера. “ Новица ми купи прекрасно цвеќе, зошто јас тоа најмногу сакам за подарок. Наша љубовна приказна е исто врзана за работата. Се започна кога се запознаваме во еден ресторан во Скопје пред 27 години. Брзо потоа почнавме заедничка соработка како „Биоритам“ и Татјана и се роди нашата љубов која траеше неколку години ама со прекини. Е, во јуни 2002 година Новица ме побара за жена. Клекна на колена пред Соборниот храм во Скопје, беше навистина романтично“, открива Татјана за Репортер.

Таа ни откри дека низ сите овие години Новица ужива да им готви дома. Вели: Морам да признаам дека Новица има повеќе мерак за готвење, а јас за чистење, па така си правиме баланс. Низ сите овие години во бракот сме имале и убави и неубави моменти. Искрено, јас сум по лабава и брзо попуштам кога ќе се скараме, оти не трпам лутина.“, искрена е Татјана.

Двојката ги имаат синовите Петар и Стефан и веќе долго време живеат во Австралија. Татјана работи како вопсипувач во градинка, а Новица вози школски автобус.

Александра Георгиев

Scroll to Top