Поп пејачката Тамара Тодевска во последното интервју зборуваше за нејзината кариера и приватен живот. Откри зошто по седум години брак одлучи да се разведе од поранешниот кошаркар Александар Димитровски Мачка. Рече дека долго време живеела во агонија и се чувствувала како да е во кафез.
„Официјално сè уште сме во брак, но не живееме повеќе заедно. Останавме во одлични односи заради двете деца и се согласуваме подобро и од кога бевме во брак. Разделбата беше одлична работа што ја направиме еден за друг. Знаете сите ги имаме тие успеси и падови во животот. Секакви работи ни се вртат во главата, особено на нас жените. Сè може да не донесе во тој безизлезен кафез. Но, за сè има излез и само треба да се сака и да се верува во тоа. Јас не бев сама кога се разделивме. Тука беа пријателите, родителите, психолозите, однсоно луѓето кои се експерти за овие теми. Не се срамам од тоа што го направив и најважно ми е што излегов од тој кафез“, рече Тамара во емисијата „Гранд магазин“, на „Гранд Тв“.
Пејачката се потсети и на нејзината песна „1003“, која ја сними пред 20 години и за која рече дека ја пишувала додека била во агонија.
„Долго време живеев во тој некаков кафез. Сè ми се вртеше во некаков круг. Додека ја пишував песната како некој бес да излегуваше од мене. Песната е за сите кои имале проблем со говорот на омраза, за сите кои некогаш биле разочарани во животот, погрешно етикетирани или се нашле во безизлезна ситуација“, рече Тамара.