НАСА предупреди за џиновски астероид кој ѝ се доближува на Земјата

Од НАСА предупредија на џиновскиот астероид 2023 CL3 кој се приближува на Земјата. Од американската вселенска агенција проценија дека астероидот е со големина на Статуата на Слободата во Њујорк. Затоа и го сметаат за потенцијално опасен.

Се очекува покрај Земјата да помине на 24 мај. Се проценува дека безбедно ќе не помине со брзина поголема од 25.749504 километри на час. По ваквите податоци, поедини експерти изразија загриженост дека Земјата не е подготвена да се одбрани од потенцијално смртоносниот астероид.

И извршниот директор на „Спејс икс“, Илон Маск, на „Твитер“, објави дека е загрижен.

„Голем камен на крајот ќе ја погоди Земјата и моментално немаме никаква одбрана. НАСА сепак истражува некакви одбрамбени методи“, напиша Маск.

Токму од таа причина од „НАСА“ минатата година почнаа со мисија на пренасочуваање на астероидот. Овој експеримент докажа дека НАСА е во состојба да го погоди со неверојатна брзина астероидотот, на денот кога истиот ќе претставува сериозна закана за Земјата.

 

Scroll to Top