Во вселената е забележан огромен пламен, научниците се плашат да не предизвика катастрофа на Земјата

Веќе некое време во научната јавност се зборува за тоа како Сонцето може да влијае на блиските планети. За тоа што би можело да се случи кога ќе дојде во фаза на соларен максимум, односно кога ќе стане сè поактивно и на него ќе се забележат многу повеќе дамки и огнени пламени.

За среќа, експертите велат дека нашата Ѕвезда не е толку активна како онаа во бинарниот состав V1355 Орион, која повремено знае да исфрли огромни суперпламени десет пати поголеми од најголемите пламени забележани на Сонцето.

Кога силниот соларен пламен ќе патува кон Земјата, во најлош случај може да ѝ наштети на технологијата и да предизвика пречки во комуникацијата. Може да влијае на електричната мрежа и да ги оштети сателитите. Но, суперпламените може да предизвикаат вистинска катастрофа.

Некои можат да влијаат на еволуцијата, можат да предизвикаат атмосферско пореметување или да го избришат целиот живот на блиските планети.

Астрономот Шуно Иное и неговите колеги од Универзитетот Кјото во Јапонија, го следеле овој бинарен состав со телескопите Seimei i Transiting Exoplanet Survey Satellite, кога го снимиле овој огромен супер пламен. Брзината на ерупцијата изнесувала најмалку 990 километри на час, а во вселенат абиле исфрлени билиони тони материјал.

Научниците ги проучуваат пламените на далечните ѕвезди за да го разберат начинот на кој настапуваат. Ѕвездите во системот V1355 Орион, спаѓаат во категоријата RSCVn. Овие ѕвезди обично се магнетни активни и исфлраат огромни супербајки, пренесе Universe Today.

Научниците ги делат Сончевите блесоци од петта класа. Секоја од нив е 10 пати посилна од претходната – A, B, C, M и X. Секоја категорија има девет подгрупи, а најсилниот блесок е од класата X. Во теоријата не постојат ограничувања колку големи можат да бидат блесоците од класата X.

Најсилните се забележани во 2003 година, а се класифицирани како X28. Најсилниот блесок од класата X може да произведе еднаква количина на енергија која има милијарди хидрогенски бомби. Ако се насочени кон Земјата, можат да предизвикаат штета на сателитите, комуникациските системи или електричната мрежа.

Воглавно, досега не е забележано дека Сонцето да произведе суперпламен кој би можел да го уништи целиот живот на Земјата. Дури ни најсилната геомагнетна бура од 1859 година, немала никакво влијание врз здравјето на луѓето или другите суштества на Земјата.

„Какви пламени се потребни за да го избрише целиот живот на Земјата? Не го знам одговорот на тоа прашање, но досега не сме забележале ниту еден соларен настан кој е доволно голем и силен за да влијае на здравјето на луѓето“, рече Даг Бисекер, од американската Национална агенција за истражување на океаните и атмосферата.

Отприлика на секои 11 години Сончевите магнетски полови се вртат, северниот станува јужен и обратно. Таа ситуација се совпаѓа со она што е познато како соларен максимум, кога Сонцето исфрла најмногу пламени и корална маса и има најголем број дамки.

После тоа, следува период на смирувачка активност, а потоа повторно започнува периодот на соларниот максимум. Сега нашата ѕвезда е во фаза на соларен максимум, а кулминацијата се очекува кон крајот на 2024 или почетокот на 2025 година.

 

Scroll to Top