Кристина Димитри ко Карлеуша во златна танга го запали Гостивар

Манекенката и пејачка Кристина Димитри им се врати на живите свири. Таа викендов настапуваше во дискотека во Гостивар со нејзиниот соработник Дј Боно.

Кристина облечена во провокативен стајлинг се појави во Гостивар. Облечена во црн проѕирен целосен комбинизон, надополнет со златен корсет, танга, ракавици, чизми и црни очила. Дел од коментарите за стајлингот на Кристина се дека наликува на српската пејачка Јелена Карлеуша.

Атрактивната тетовка преку социјалните мрежи најави дека ќе им се врати на настапите во земјата, а воедно и најави нова песна која треба да излезе наскоро. Песната Кристина ја снимаше во студиото на Дарко Димитров, работена со Игор Џамбазов.

Таа со Дј Боно заедно ја отпеајаа песната „Салса“ и настапија на минатогодишниот Макфест.

 

Scroll to Top