Пејачката Марија Спасовска ја објави новата песна „Опасно“, Како и за нејзината претхона песна Венера и овој пат автор е таа, додека аранжманот е на Ивајо. Спотот го снимија од „Урбан рекордс“, а во него се појавуваат десетина статисти.
Песната за кратко време стана популарна на Јутјуб“ и веќе за два дена ја видоа повеќе од 30.000 фанови.
„Планот за годинава ми е да бидам уште повеќе активна, а тоа значи повеќе песни, повеќе видеоспотови“, ни рече Марија која минатата година дебатираше на „Макфест“ со песната „Осамен“.