Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе беше најбрз во својата категорија и класа на трката на патеката „Рампа да Фалпера“ во Брага, Португалија.
Со својот Hyundai i30 TCR постави време од 2:12.780 и за две секунди беше побрз од најблискиот конкурент за првото место. Инаку ова е втора година по ред како Иџе со победа се враќа од Брага, а ридско-планинските трки му се омилена категорија.