Кралот на ромската музика, Ферус Мустафов денеска ќе биде погребан на денес на гробиштата во Камник, Скопје, информираше внукот на Мустафов, Ферчо.
„Со голема тага ви соопштувам дека погребот на мојот дедо Ферус ќе биде утре (23.05) од 14:00 часот на гробиштата во Камник, Скопје“, наиша тој на Фејсбук.
Ферус Мустафов почина по кусо боледување во Градската општа болница „8 Септември“ по силен мозочен удар. Веста за неговата смрт вчера утрото ја објавија и членовите на неговото семејство.
Ферус Мустафов беше примен во ГОБ 8 септември со каде се бореше за својот живот и беше со влошено здравје. Пријателите, колегите и фамилијата почнаа да се простуваат од него на социјалните мрежи. Иако членови на неговото блиско смејество изјавија дека погребот ќе биде во Штип каде што е роден, сепак внукот на Ферус информираше дека погребот ќе биде во Скопје.
Мустафов е роден на 20 декември 1950 година и потекнува од ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане музичар.