Пејачката Лара Иванова матурираше во средното балетско училиште „Илија Николовски -Луј“. Таа за матурската вечер одбрала креација на македонскиот дизјанер Мите Занов.
Облечена во долг фустан со корсет и висок шлиц, пејачата се пофали со фотографија на социјалните мрежи.
Лара во интервју за Репортер изјави дека за нејзиниот изглед се погрижила мајката природа, но и дека телото го држува во фит форма со задолжителните вежби на часовите по балет.
Лара на „Златната бубамара на популарноста“ ја доби наградата за најперспективна пејачка. Таа стана миленик на тинејџерската популација, уште повеќе по хитот „Бела“ кој го отпеа заедно со Пајак на минатогодишниот „Макфест“. Песната стана голем хит не само кај нас, туку и во регионот. Се споделуваше на социјалните мрежи низ цел Балкан. Па дури и оние кои не го познаваат македонскиот јазик, ги натера да го научат и да ја пеат „Бела“ во видеа на Инстаграм и Тик ток.
„„Бела“ е дефинитивно песната која ни донесе најголен успех и мене и на Пајак. Најмногу се радувам што песна на македонски јазик влезе на трендинг низ целиот Балкан и достигна толкава слушаност. Благодарна сум и бескрајно ми значи целата поддршка што ја добивме и што ја добиваме од публиката, медиумите, артистите и сите колеги од шоу бизнисот“, рече Лара за Репортер.