Македонскиот атлетичар, кој живее и тренира во Данска, Андреас Трајковски, постави нов државен рекорд во скок во далечина. На атлетскиот митинг во Калитеа во Грција направи скок со должина од 7 метри и 79 сантиметри го собори досегашниот македонски рекорд, кој исто така беше негов со 7,60 метри од 2022.
Андреас го освои четвртото место на митингот, зад Муарил Сришинкар од Индија, кој освои прво место со скок од 8.18 метри. Втор беше неговиот сонародник Џејсин Андрин Џонсон со скок од 7.87, додека третото место го освои Џален Рукер од Австралија со скок од 7.80 метри.