Едвај 20 луѓе дојдоа на денешната комеморацијата на музичарот Ферус Мустафов, кој почина на 22 мај на 72 години. Освен семејството, претставник од Министерството за култура и претставници од Здружението на естрадни уметници, немаше други музичари и пејачи со кои соработуваше во кариерата. Иако речиси сите на социјалните мрежи објавуваа фотографии со него и се простуваа од Ферус.
„Многу ми е жал што денеска нема колеги, можеби дека испраќањето е во работно време. Човекот заслужува. Јас не зборувам зад грб, но да останеме позитивни“, рече композиторот Сашо Ливрински.
За потсетување, Мустафов беше погребан пред два дена на гробиштата Камник, во Скопје.
Мустафов е роден на 20 декември 1950 година и потекнува од ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане музичар.
Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции.