(Видео) Слаткар се фаќа за пенисот и пее „Алал Вера“

Марко Маринковиќ – Слаткар има нова песна насловена „Алал Вера“. Музиката е на Слаткар, Марио Јелиќ – Кун, Антонио Стојановски -Бонтони, а текстот е на Слаткар, аранжманот на Ивано Јованов- Ивајо, додека женскиот вокал е на Лина Пејовска.

Главната улога во видеото на Слаткар е маалскиот лик Дарко Голубовски- Кнеле.

„Пааа, може слободно да се каже дека ова е една од појаките траки во последно време“, „Супер песна Слаткар“, „Слаткаристика е единствената работа што ја сакам во оваа држава“, се дел од коментарите под видеото на Јутјуб.

Слаткар минатиот месец ја објави песната „Насмевка“ која ја посвети на неговиот син Моша. Видеото има видеа и фотографии од семејството, сопругата Сања и синот. Видеото име повеќе од 316 илјади прегледи.

 

Scroll to Top