Муабетите на Џаро не беше лесно да се пренесат на хартија: Милица Џаровска за промоцијата на книгата „Живот на коцка“

Во хотел „Парк“, пред бројните гости беше промовирана автобиографската книга „Живот на коцка“ за естрадниот менаџер Велибор Џаровски-Џаро. Автор на книгата е неговата ќерка, новинарката Милица Џаровскa. Промотор беше Игор Џамбазов, кој вели вака: „Мене ми е жал што младиве генерации за Џаро го знаат само по превари и местење натпревари. Ама, дечки, не е така. Тој има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Без разлика на сите прикаски што ќе ги прочитате во книгата. Џаро ги донел најголемите балкански ѕвезди во Македонија кои и денес во не заборават во своите интервјуа да го спомнат, се едно дали е Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија, Мишо Ковач“

Од неговите скромни почетоци, во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров, каде што живее и денес, до неговото издигнување како успешен менаџер, книгата ги носи читателите на возбудливо патување низ животот на Џаро.

Не беше лесно да се пренесат муабетите на Џаро на хартија, рече синоќа авторката, и додаде дека кога ја пишувала книгата, ја напишала како да разговара со соговорник, а не со својот татко.

Живот на коцка“ беше прво промовирана на Саемот на книгата во Скопје. Книгата е преведена на македонски јазик во издание на издавачкиот центар „Три“, а е напишана уште пред шест години, но на српски јазик.

Фото : Фејсбук профил на Милица Џаровска 

 

Scroll to Top