(Видео) Публиката ќе ме види како боксувам: „Утрото ќе промени се“ нов летен хит на Александра Јанева

Струмичанката Александра Јанева ја објави нејзината нова песна „Утрото ќе промени се“, работена со Лазар Цветковски и Тајзи.

„Утрото ќе промени се“ настана прилично одамна, меѓутоа не ја објавив досега затоа што немав идеја за видеото. Обично кога немам некоја идеја видео, и не сум вмешана во режијата на видеото ги оставам малку песните да тлеат. Тоа значи дека не ми се созреани доволно во главата. И во истиот момент кога добив идеја, тогаш си кажав е сега е моментот“, изјави Јанева за Репортер.

Спотот е снимен на неколку локации во Скопје.

„Имавме една доста интересна сцена за која ми требаше поголема физичка спремност, одев во теретана. Публиката ќе може да ме види како боксувам. Јас се радувам и ја сакам многу таа песна во секој случај е нешто поразлично од мене, подинамично“, раскажа Александра Јанева за Репортер.

Стресно и динамично утро за Јанева пред да ја објави песната.

„Имав така некое немирно чувство, но тоа е добро, затоа што секогаш кога нешто објавувам имам некоја нервоза во мене и кога не можам да спијам, тогаш знам дека ќе биде се добро и мазно како што треба“, рече Јанева.

 

Scroll to Top