Фала ти што ми беше првиот цимер тогаш кога на човек му беше тешко да си најде цимер, рече Никола Ристановски на комеморацијата за актерот Трајче Ѓорѓев

Голем број познаници, пријатели и колеги денес дојдоа во Македонскиот народен театар и се простија од актерот Трајче Ѓорѓиев. Комеморацијата започна со исечоци од неговите актерски изведби како пантономичар. Некои од колегите се присетија на нивните заеднички дружби во театарот.

Ѓоргиев беше дел од Македонскиот народен театар повеќе од 30 години, а најмногу ќе остане запаметен по улогата како „Ж’та“ во телевизиската серија „Бумбари“.

Снежана Конеска Руси, Никола Ристановски, Борче Начев беа колегите кои за Трајче имаа само убави зборови. Рекоа дека бил добар другар и уште подобар човек.

„Беше природен, лесен во говорот, мек, беше добредојден како позитивен лик. Натсинхронизиравме анимирани серии и филмови за деца, десет години работеше мимодрами со наглуви деца во Врање, истражуваше, посетуваше семинари, предаваше. Мал му беше денот, немаше празен ден“, рече Снежана Коневска Руси.

Актерот Никола Ристановски пак се потсети на нивните денови поминати во театарот и времето и дружењето меѓу театарските престави.

„Драг мој Тале, прво, прости ми што седам. Од друга страна, Снешка ме потсети на тие илјадници минути што ги поминавме заедно токму седејќи. Поминаа доста години и дојдовме до моментот кога обично се набројуваат улоги, претстави, постигнувања и награди и остануваат само тие податоци. Но, има нешто друго. Некои од нас оставаат траги кои траат подолго од нас и затоа сметам дека имаше зошто. Со секое ново влегување на претстава и во студио ќе бидеме заедно, ќе се присетуваме, коментираме и ќе го продолжиме овој разговор што тукушто започна. Фала ти многу. Фала ти за делењето на овој простор. Секој театар, во сите земји има по еден таков ненаметлив, тивок аналитичен аналитичен , дружљубв, смел. Фала ти за тоа што ми беше првиот цимер тогаш кога на човекот му беше тешко да си најде цимер, тогаш кога се баравме самите себе си. Кога критикувавме се што гледавме кога откривавме нови претстави. Некои од нас оставаат траги кои ќе траат подолго од нас“, рече Ристановски.

„Помеѓу две претстави две снимања две патувања, секогаш наоѓаше не само обврска туку и задоволство да бидеме заедно да бидеме континуирано во контакт да работиме заедно да се смееме заедно да се нервираме заедно, да коментираме разни работи“, додаде тој.

Во чест на Ѓорѓиев, вечерва во Македонскиот народен театар ќе биде изведена и новата претстава „Иванов“.

Љубиша Владимиров

 

 

Scroll to Top