Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ пред еден месец го роди своето трето дете.
Судејќи по изгледот на поранешната спортистка, ретко кој би можел да каже дека пред еден месец го родила својот трет син.
За време на бременоста, но и по породувањето и за време на доењето, Ана води сметка за исхраната.
Нејзиното мени е преполно со овошје, зеленчук и житарки, а неодамна на својот Инстаграм профил покажа како изгледа еден нејзин појадок кој и дава енергија да го започне денот.
View this post on Instagram
Еден сад полн со здравје содржи јаболко, малини, боровинки, калинка, банана и кајсии кои Ана ги комбинирала со ореви, овесна каша, чиа семе, сончоглед и суво овошје.
Познато е дека житариците во исхраната обезбедуваат најголем дел од енергијата. Станува збор за сложени јаглехидрати кои ја формираат основата на прехранбената пирамида и главното „гориво“ за организмот, додека свежото овошје е богато со сложени шеќери кои на телото му обезбедуваат долгорочна енергија.