Премиерно прв концерт на тинејџерскиот хит серијал „Тин Камп“ на отворено во Скопје, на 8-ми јули на стадионот на АРМ, најавија Авалон продукција.
Спектакуларна вечер со Филип, Миха, Наташа, Сандра, Милош, Комбе, Дарија, Јана, Мила, Боно и останатите миленици од серијалот, во која ќе може да ги слушнете легендарните хитови изведени на голема сцена, со светска продукција, звук и светло.
„Ако лани беше задоволство и императив да го претставиме во живо проектот ,,Дајте Музика”, не само на нивните фанови туку на целата публика, задоволството оваа година е уште поголемо, да го претставиме на истото место и спин – оффот, проектот ,,Тин Камп““, изјавија од Авалон продукција.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во понеделник на 12-ти јуни во 9 часот наутро, на продажните места во мрежата на ticketx.mk низ Македонија како и онлајн на ticketx.mk по следниве цени и категории, партер- 400 денари и фан пит само 1000 влезници по цена од 600 денари.
Во Репортер ја имавме Марија Јанчевска која го глумеше ликот на Сандра во хит серијалот „Тин Камп“, па сподели детали за искуството во оваа серија.
„Да се снима серија е многу понапорно од филм бидејќи сетовите траат и по 12 часа. Треба да се даде максимум за улогата за да се изгради ликот во кој актерот остава свој печат“, изјави Марија.