Македонскиот фудбалер Елиф Елмас по прославата за освоената титула на Наполи, се врати во Македонија и го посети ФК Гостивар.
Клубот кој избори промоција во Првата македонска фудбалска лига, го промовираше ростерот како и новите играчи.
Елмас им донесе дрес на Наполи, новиот шампион на Италија, а од Гостивар му подарија дрес со неговото име.
„Ти благодариме Елиф Елмас. Секогаш ти посакуваме се најдобро во кариерата“, напишаа од ФК Гостивар.
View this post on Instagram