Калин Ивановски обезбеди пласман во финалето на турнирот во Скопје

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во финалето на турнирот во Скопје. Во полуфиналниот меч во Скопје Калин Ивановски со резултат 2:1 во сетови го победи, Ерги Киркин од Турција.

Ивановски, кој е четврти носител на турнирот во финалето ќе игра против Французинот Саша Вајенбург. За францускиот тенисер ова е трето финале оваа година, а пред две недели играше и во квалификациите и на „Ролан Гарос“.

 

Scroll to Top