Младиот пејач Јасмин Алиевски во последното музичко шоу го освои жирито и се пласираше во полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“. Во саботата пејачот преку бараж успеа да обезбеди пласман во полуфинале, каде ќе пее со најдобрите 16 кандидати.
На сцената ги испеа „Дуга“ од Џенан Лончаревиќ и хитот на Горан Каран, „Вагабундо“. Алиевски освои доволно гласови за директен пласман, па мораше да испее уште еднаш на крајот, во баражот по што обезбеди пласман во полуфиналето.
Сите од жирито особено, Саша Поповиќ рече дека Јасмин е одличен и дека местото му е во финале.