Остевете ги сите инхибиции ….и па и гаќите. Секс совети и секс пози за стимулирање на Г- точката
Јавнете го партнерот
Вашиот партнер е легнат на грб, а вие сте врз него и се движите или во круг или горе-долу. Оваа поза остава голем простор за експериментирање. Многу жени тврдат дека чувствуваат поголемо задоволство ако застанат на своите стапала (наместо да се клекнати на колена) и ако изведуваат клекнувања. Други пак претпочитаат да му се свртени на партнерот со грбот. Во овој случај, за подобра стимулација, жената треба да ги рашири нозете и да се наведне кон нозете на мажот. Така ќе може да се потпре со рацете на неговите нозе за стабилност.
Во овие пози жената се наоѓа горе и има контрола врз движењата и степенот на пенетрација, па затоа на повеќето жени им се омилени. Рацете на партнерот се слободни, па тој може да ве допира по градите за поголемо задоволство.
Кучешека
Клекнете, на сите четири. Партнерот е зад вас и пенетрира одназад. И оваа поза не ве ограничува. Можете да го свиткате повеќе грбот или пак повеќе да ги спуштите градите кон креветот. Прилагодете се во зависност од задоволството што го чувствувате. Партнерот може да ви ги подигне колковите со рацете за уште поинтензивна стимулација.
И мажите и жените ја обожаваат оваа поза. Ваквите пози кои овозможуваат мажот да пенетрира одназад се најдобри за стимулирање на Г-точката. Доколку не се чувствувате комфорно во кучешка поза, пробајте ја следната.
Лажица
Легнете свртени настрана, а вашиот партнер нека легне зад вас (поза 99). Нема контакт со очите и затоа секој од партнерите може да се концентрира максимално на задоволството што го чувствува. Рацете на партнерот се слободни, па сигурно ќе посака да ве гали по телото или да ви го стимулира клиторисот.
Ова е интимна поза која дејствува многу еротски. Возбудата може да биде уште поголема ако вашиот партнер ви шепоти комплименти на уво и ве бакнува по вратот.