Бившиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски Мрме на суд ја добил премијата за настапот на Европското првенство во 2020 година. Неговиот адвокат Александар Тортевски објави дека морал на суд да ја даде Фудбалската федерација за да ја добијат премијата.
Мрме во летото 2021 година си замина од селекторското место на Македонија, откако претходно шест години успешно ја водеше репрезентацијата. Од ФФМ не му го продолжија договорот, а Тортевски објави дека не сакале да му ја исплатат договорената премија на Ангеловски за пласманот.
„По историскиот успех на репрезентацијата и пласманот на ЕП, претседателот Сејдини прво што направи е да го избрка селекторот, а на сите членови на УО на ФФМ им додели награди од по 20.000. Патем, на Игор Ангелевски не сакаше да му ја исплати наградата, па моравме да одиме по судови“, објави Тортевски.
За потсетување, Македонија се пласираше на Европско преку Лигата Д од Лигата на нации.