Писателката Ксенија Николова која веќе подолго време се обидува да забремени преку ин витро, јавно зборуваше за нејзината борба со неплодноста. Последниот петти обид го имала пред две недели, но и тој како и претходните рече дека завршил неуспешно.
Со емотивен статус од болницата, Ксенија ја сподели својата приказна и ги охрабри сите оние што минуваат низ слични ситуации.
„Уморна сум од туркање да добијам нешто што Бог не ми го дава. Но, јас останувам пред сѐ среќна индивидуа и жена полна со енергија. Петка со раката, си реков, можеби е за среќа, бројот е симболичен за успех. За жал, и овој обид беше неуспешен. На сите кои водите слични борби ви порачувам да не заборавате на вас, на вашата среќа, на вашиот мир. Вашето здравје и физичко и ментално е на прво место. Ви го кажувам тоа како сестра, пријателка, блиска. Трагајќи по нешто, честопати умееме да се загубиме. Тоа е прескапата цена која никој од нас не треба да биде спремен да ја плати“, рече Ксенија.
И покрај неуспехот, Ксенија се труди да остане позитивна, а својата приказна ја сподели со фановите за да ги охрабри сите оние што минуваат низ такви или слични периоди.
За потсетување, Ксенија во август имаше три неуспешни обиди за вонтелесно оплодување, а во февруари се соочи со биохемиска бременост и дека била бремена само неколку дена, но не доволно за стадиумот во кој што се наоѓала.