Фолк-пејачка Сања Цинцева позната како Сања Барби ја објави нејзината нова песна „Срце Балканско“. Автор на музиката е Бернат Демирали, а текстот е на Орце Зафировски. Енис Папазов свири на труба, а спотот го сними режисерот Зати, со кого пејачката има соработувано досега неоклку пати.
Снимаа во Шутка, а во него покрај згодни танчерки, се појавуваат и триесетина дечиња.
„Презадоволна сум од целиот проект. Можеби ова е еден од најдобрите за мене досега. Одбрав одлична екипа за да го сработиме и мислам дека ќе ѝ се допадне на публиката. Уживав во снимањето на спотот. Мислам дека ваков досега немало кај нас и тоа е нешто што ме прави среќна“, рече Барби.