Стефан Лазаров се прости од Кристијан Коцев – Кико кој почина денес. Иако беа собрани потребните средства за негово лекување во Турција, состојбата на Кико се влошила во последните два дена, а Лазаров кој беше иницијатор на целата акција и беше во постојан контакт со семејството ја објави веста.
Рече дека ова му е најтешкиот ден во животот.
„Те засакав како помал брат, ова е најтешкиот ден во мојот живот. Сè дадовме за тебе, се бореше до крај како вистински победник, но за жал не успеа. Многу те сакам, многу ќе ми фалиш братче мое. Еден ден ќе се сретнеме и ќе си кажеме за многу работи кои останаа недокажани. Ти ме научи што значи да сакаш да живееш. Почивај во мир Кико“, објави Лазаров.