Владимир Блажевски Панчо од ДНК заврши во болница. Пејачот објави фотографија лежејќи во болнички кревет и рече дека е добар. Им се заблагодари на докторите и целиот тим од Клиниката за грижата и посветеноста која им ја даваат на пациентите.
„Јас сум одличен да не ме мислите, ќе ве малтретирам уште долго по се изгледа“, објави Панчо.