Дејан Георгиевски ќе се бори за златен медал откако обезбеди пласман во финалето на ЕИ во Краков

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски е финалист на Европските игри и ќе се бори за златен медал во Краков.

Георгиевски во полуфиналето се бореше со Иван Гарсија од Шпанија, го совлада во две рунди и обезбеди медал за Македонија. Негов завршен ривал на турнирот ќе биде Луис Канингам од Велика Британија со кого ќе ги одмери силите по 19 часот.

На патот до овој резултат Дејан прво беше поуспешен од Италијанецот Матија Молин (2-0), а потоа по една исцрпувачка борба го победи Украинецот Андри Харбар (2-1).

Scroll to Top