Фудбалерот Дарко Велковски направи свадба со манекенката Тамара Чуприна, една и пол година откако се венчаа во матично.
Викендов парот направи традиционална македонска свадба со сите адети, а невестата на свадбата смени два фустани. Еден фустан за церемонијата во црква, а друг невестински фустан одбрала за вечерната прослава во познат скопски ресторан.
„Остани со мене“ била песната на која Дарко и Тамара го играле првиот танц, а за веселбата се погрижил бендот „Дрим тим“.
Дарко и Драгана веќе го имаат синот Ведран кој има една година. Парот живее во Саудиска Арабија, каде Велковски игра за фудбалскиот клуб Ettifaq.
Инаку Тамара Чуприна и е сестра на познатата поранешна манекенка и водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Драгана Чуприна.