Стојанче Стоилов ќе остане во Вардар како помошник тренер

Македонскиот ракометар Стојанче Стоилов, останува во ракометниот клуб Вардар, како координатор на младите категории и помошник на тренерот Владо Недановски.

Стоилов лани се пензионираше од играњето во репрезентацијата, но често од трибините им беше поддршка на ракометарите.

Ракометниот клуб Вардар со Стојанче Стоилов како играч беше двапати европски првак и пет во СЕХА лигата.

Scroll to Top