Таеквондистот Дејан Георгиевски освои сребро на Европските игри во Краков. Преку борбата во полуфиналето со Иван Гарсија Мартинез (Шпанија) се пласираше во финале. Медалот на Европските игри освоен од Георгиевски е прв за Македонија.
Во финалето над 83 килограми Георгиевски загуби со 2:0 од британскиот ривал Кејден Луис Канингем.