Блиски пријатели на уметникот Михаил Корубин и пејачката Каролина Гочева, вчеравечер во Чифте амам беа дел од неговата самостојна изложба насловена „Визуелна артикулација“.
Пејачката Тамара Тодевска, диџејот Зоки Бејбе, топ моделот Катарина Ивановска и други јавни личности му дојдоа на Корубин на изложба.
Каролина Гочева беше во друштво на нејзината мајка.
Поп-пејачката Каролина Гочева во брак е со Михаил 6 години.
Изложбата на Михаил Корубин е дел од овогодишното издание на „Скопско лето“, и ќе трае до 4 јули 2023.