Славица Ангелова со новиот автомобил кој го освои во „Ѕвездите на Гранд“ ќе се врати во Струмица

Македонката Славица Ангелова која во саботата победи на регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ ги доби клучевите од новиот автомобилот кој го доби како награда.

Креативниот директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ и ги предаде клучевите од автомобилот на Славица.

„Ах, кога ќе се појавиш во Струмица со оваа кола, сите знаат дека си ја освоила со победата на Звезде Гранд“, рекол Поповиќ, откако Славица потврди дека поседува возачка дозвола.

„Ова е за полесно да пристигнеш кога ќе имаш обврски кон Гранд“, рекол Ѓорѓе Давид.

„Горд сум затоа што чесно победи, заслужено го добиваш овој убав автомобил. Кариерата ќе ја гради паралелно овде и во Македонија. Ќе добие песна, спот, ќе гостува во сите наши емисии. Сметам дека во Македонија има многу поголеми шанси, но секако ќе се обидеме да го истуркаме и овде, во Босна и Херцеговина, Црна Гора“, изјавил Поповиќ.

Инаку Славица, студира медицина, а во финалната вечер освои 88.367 гласови. Таа беше во тимот на Ѓорѓе Давид.

„И мене како и на сите ми треба работа и труд за да го постигнам тоа што го сакам. Едноставно кажано, треба да работите. Во принцип, кога пеам песни слушам што ми кажува срцето и како се чувствувам, така ги пеам. Мислам дека секој треба да биде оригинален и да покаже што има во себе, бидејќи сите сме различни. Приватно слушам се: фолк, рок, џез и блуз. Ги обожавам сите песни подеднакво“, изјавила за едно интервју Славица.

Scroll to Top