Сара Мејс и Димитар семејно на одмор: Само лето, море, коктели и детски насмевки давај животе

Познатиот пар, Сара Мејс и Димитар Атанасовски заминаа на летување во Египет со ќерката Илина и синот Кирил.

Парот од Египет е активен на социјалните мрежи па соделуваат моменти од одморот. Нивната ќерка Илина го обожава танцот, па не пропушти и додека е на одмор да ужива во активностите кои ги нуди сместувањето, па танцуваше со другите деца.

Димитар се обидува и покрај обврската татко, да повежба во слободните моменти, додека Сара во друштво го има Кирил.

„Само одмор, лето, море, коктели и детски насмевки давај животе. (почесто, да си посакам, нека слуша Универзумот)“, напиша Сара.

Инаку ова е прв одмор за нивниот син Кирил.

 

Scroll to Top