(Видео) Тони Зен како „Ел падрино“ во костум и со обезбедување се вози низ Скопје

Тони Зен ја промовираше најновата песна со спот „Ел Падрино“. Текстот на песната е на Зен, додека музиката и арнажманот е на Иван Костадинов.

„Голема благодарност до сите кои учествуваа и помогнаа за ова да се реализира, потребно беше време, труд и посветеност, секако и многу љубов. Видеото го снимаше Влади, кој беспрекорно се посвети на ова, музиката ја џитна единствениот Smoke Panda, кој ме внесе потполно во овој бит, за да текстот потоа, сам си излезе од мене“, изјави Тони Зен.

Во спотот се појавува и актерот Томе Станковски кој глуми личен возач на Тони Зен.

„Респект за актерот Томе Станковски, кој одлично ја пренесе емоцијата на човекот “десна рука” на Ел Падрино, исто така и за сите кои беа статисти, неверојатно ја завршивте работата сите, ние не глумиме, ние живееме“, изјави Зен.

 

Scroll to Top