Заеднички концерт на ДНК и Лозано во Гевгелија

ДНК и Лозано на 8-ми јули ќе одржат заеднички концерт во Гевгелија. Ќе настапат во дискотека и ветија одлична забава и ноќ за паметење. Публиката ќе има можност да ги слушне во живо некои од нивните најголеми хитови.

„Драги наши, по подолго време и на наше огромно задоволство на 8-ми јули ќе одржиме заеднички концерт пред публиката во Гевгелија која ќе може да ги слушне сите наши познати рефрени низ три часовен концерт. Затоа подгответе се на 8-ми јули на ‘Полна месечина’ ве чекаме да се гушнеме ‘Јако Јако’ и да се направиме ‘Авиони’, да испишеме уште неколку ‘Километри’ па ‘Што сака нека биде’“, рекоа ДНК и Лозано.

Концертот ќе го отвори младиот диџеј Милан Петков, а влезниците кои се во ограничен број ќе можат да се набават по цена од 400 денари. Првите 300 ќе бидат пуштени во претпродажба по цена од 300 денари.

По Гевгелија, ДНК и Лозано ќе одржат најмалку уште еден задинчки концерт, а локацијата ќе биде објавена наскоро.

 

 

Scroll to Top