(Фото) И братот на Елмас ќе игра за Наполи

Помалиот брат на македонскиот фудбалер Елиф Елмас, Билал, во новата сезона ќе игра за Наполи. Билал е дел од помладата генерација на клубот до 16 години и се фотографираше со соиграчите за новата сезона. Тој се надева дека во иднина ќе може да конкурира и за сениорскиот тим.

За потсетување и братучедот на Елиф Елмас, се занимава со фудбал и веќе е професионален фудбалер во Работнички, клубот каде што и Елиф ја започна кариерата.

 

Scroll to Top